Don't Miss
Home / Вести / Локалната самоуправа на Битола ја реконструира урбаната заедница во село Логоварди

Локалната самоуправа на Битола ја реконструира урбаната заедница во село Логоварди

Во Битола продолжува инвестицијата на локалната самоуправа во месните и урбаните заедници, преку обновување на просторните услови на објектите, како една од заложбите во програмата за работа на градоначалничката на Општина Битола, Наташа Петровска.

Во селото Логоварди, кое е во непосредна близина на градот, долги години имаше неупотреблив, руиниран објект на месната заедница.

Моментно во тек е целосна реконструкција на објектот, каде се работи на ѕидовите, таваните, прозорите, санитарните чворови и подовите, во вредност од околу 600.000 денари, со што ќе се добие функционален и енергетски ефикасен објект.

Дел од жителите на селото денес се сретнаа со градоначалничката Наташа Петровска, која го посети објектот и изврши увид во градежните работи. По реконструкцијата, објектот со топол и уреден амбиент ќе биде место за дружење, одржување на низа активности и средби на жителите од сите возрасти во селото. Жителите искажаа голема благодарност до градоначалничката, бидејќи ветеното до нив, во повеќе наврати е реализирано. Разговараа и за можноста за санација на дел од улиците, при што Петровска истакна дека во Општина Битола веќе се работи на проект за уредување на улиците во селото, во вредност од над 6 милиони денари.

Градоначалничката Петровска заедно со дел од тимот задолжен за реализација и локалното население, го посетија и основното училиште во село Логоварди.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*