Зголемен интензитет на сообраќај беше забележан утрово на Граничниот премин Табановце за излез од Македонија и влез во Србија.
Многумина граѓани се решија да одат да се вакцинираат во соседна Србија, која што денеска организира вакцинирање на голем број на македонски жители.
Засега кај нас со вакцините на Фајзер и на Спутник В кои пристигнаа од Србија и од Русија, се вакцинираат само здравствените работници.
Масовната имунизација се очекува да почне идната недела со вакцините на АстраЗенека, кои пристигнуваат утре на скопскиот аеродром преку КОВАКС механизмот.