Старата 2020 година, која ни донесе толку многу грижи, стресови, непроспиени ноќи и тешкотии веќе е зад нас.
Веќе ги живееме првите денови од толку очекуваната и посакувана Нова 2021 година, во која сите до еден посакуваме и очекуваме да се стави крај на пандемијата, која ни однесе голем број изгубени човечки животи.
Во Новата 2021 година, вечерта, на 31 јануари, кога се поклопија стрелките на часовникот на 12 часот, убеден сум дека ако не сите, тогаш барем според новогодишните анкети најголемиот број од нас, живи човечки суштества, кои ја преживеавме 2020 година, влеговме со една и единствена желба за добро здравје и малку среќа.
Убеден сум дека здравјето и среќата беа желбите кои сите жители на планетата земја ги испорачаа до Дедо мраз во Новата 2021 година.
Иако ние како народ главно сме скромни луѓе, без некои мегаломански желби и апетити, овој пат верувам дека најголемиот број од граѓаните на Битола, Македонија и пошироко испорачаа скромни желби, а тие се Севишниот да им подари здравје, радост и среќа.
А иако можеби ќе делува претнциозно, сепак исполнувањето на таквите желби, најголемиот број од нас, кои успеавме да ја преживееме старата 2020 година ги заслуживме.
По сето она што го видовме, преживеавме и со кое се справивме во 2020 година,заслуживме Божји благослов во Новата 2021 гдоина да бидеме радосни и среќни, нешто што една цела година ни недостасуваше.
Иако најчесто исполнувањето на нашите Новогодишни желби не зависи само од нас, сепак барем кога станува збр за справувањето со коронавирусот зависи и од нас самите.
За Новогодишните празници, освем со одредени исклучоци покажавме и докажавме дека можеме да биде одговорен народ , кој свесно и совесно ги исполни препораките на здравствените работници за Новогодишната ноќ да ја дочека без масовни собирања и во најтесниот круг од своите семејства.
Таквиот одговорен однос кон препораките убеден сум дека во голема мера (ќе) придонесе да се намали бројот на новозарезените лица од Ковид 19.
Дека е тоа така се покажа деновиве, кога според податоците на Центрите за јавно здравје, во голема мера се намали бројот на новозаболени лица од пандемијата.
Епидемилошката слика првите денови по Новата година, покажува дека коронавирусот полека, но сигурно ја губи својата вируленција и дека сме на добар пат полека да го совладаме.
Сепак сеуште е рано да се рече дека пандемијата е минато.
Напротив таа е сеуште тука околу нас.
Но пандемијата не треба и не можи да биди алиби за се што лошо ни се случи во државата и за (не)исполнувањето на нашите желби.
Ние како народ и држава мораме да сфатиме дека (не)решавањето на проблемите во голем дел не зависат само од државата, туку и од нас самите.
Во Новата 2021 година, откако ќе помини пандемијата ние ќе мораме наместо постојано како минатата година да бараме Владина помош, да и помогнеме на државата.
Во минатата 2020 година државата покажа висока свест и во најголем број случаи се обиде да им помогне на граѓаните, да се справат со последиците од пандемијата.
Но и државната каса не е без дно, која може постојано да се празни.
Во Новата 2021 година доаѓа време за наплата на долговите и затоа граѓаните и народот ќе треба да и помогнат на државата да излезе од постојаното задолжување.
А таа помош од народот за државата е кога тој нема постојано да бара помош од Владата.
Мора да му се стави крај на животот на кредит.
Македонија во Старата 2020 година се задолжи над 1 милјарда евра за помош на народот, која во наредниот период ќе дојде на наплата.
Мислам дека е веќе крајно време да се ослободиме од вродената мана државата да ни ги решава сите наши проблеми.
Но во Новата година и државата треба да сфати дека мора да го смени својот начин на однесување и да не изигрува постојано Дедо Мраз.
Прокламираната девиза “Животот за сите” може да дојде само доколку сите се однесуваме одговорно и посветено во решавањето на проблемите.
Државата веќе не може и натаму да се однесува неодговорно и да им исплаќа плати на луѓе кои не работаат и примаат плати за неработење.
Во изминатите 10 години, таквиот луксуз го плативме со десетици напразно фрлени милиони евра за илјадници Албански граѓани, кои по рамковна спогодба, седеа дома, а добиваа пати.
Време е конечно на овие простори секој својата плата да си ја заработи, без разлика дали е Македонец, Албанец, Ром, Србин.
Мислам дека во изминатите, а посебно во минатата година поради пандемијата доста беше (не)”работење” од дома.
Пандемијата покажа дека најголемот број од граѓаните кои беа позитивни од коронавирусот, не се заразија на своите работни места, туку надвор од фабричките хали, колективите, институциите… во приватните седенки, дружби, неодговорното неопочитување на препораките на здрвствените работници.
Праксата покажа дека тие лица кои не беа одговорни кон работата и не работеа пред пандемијата, беа неодговорни и кога (не)”работеа” од дома.
Таков луксус не можат да си дозволат ни многу побогати држави од Македонија.
Тоа што е уште пофрустрирачко е што токму тие (не)”работници” со своето однесување ги иритираат другите и од добрите работници прават неработници.
Иако оваа година ќе биде изборна власта треба да се ослободи од своите “изборни “ политики и за време на изборите да ги полни државните институции и служби со нови работници.
Не може секој политички активист својата политичка активност да ја условува со вработување во државните служби и јавните претпријатија.
Со таквите клиентелистички политики се предизвикува разочарување, бес и гнев кај другите граѓани, кои не се политички определени и кои поради таквите политики во најголем број случаи разочарани ја напуштаат државата.
Годината во која ги живееме првите денови ќе биде изборна. Во оваа година ќе се одржат редовните локални избори.
Некои политички аналитичари мислат дека заедно со локалните ќе се одржат и предвремени парламентарни избори. А кога има избори кај нас по обичај се ветува се и сешто, а не се жалат ни пари.
Останува да се молиме тие да не се трошат барем за справување со пандемијата.
Колумната е објавена во последниот број на Битолски весник, кој од денеска се наоѓа во продажба