Годинешниот филмски фестивал „Браќа Манаки” нема да може да има традиционално издание со гости и со програма како изминатите 40 негови изданија.
Со оглед на фактот дека големи филмски фестивали од „А” категорија како Кан, Карлови Вари, Локарно и други беа откажани, како и со оглед на објективните состојби и последици предизвикани од пандемијата ги натера филмските работници дека формата на одбележување на овогодинешното издание на фестивалот “Браќа Манаки”, треба да кореспондира со вредноста на фестивалот и заради тоа ќе се вложи креативна енергија и напор истата да се зачува.