Don't Miss
Home / Вести / Маргарет Кинан, 90-годишна жена од Велика Британија првата жена што прими вакцина

Маргарет Кинан, 90-годишна жена од Велика Британија првата жена што прими вакцина

Маргарет Кинан, 90-годишна жена од Велика Британија е прва личност во светот која медицински, односно надвор од пробната фаза, ја прими вакцината против ковид-19, изработена од „Фајзер“ и „Бионтек“.

Кинан, која е од Северна Ирска, изјави дека се чувствува привилегирана бидејќи во Универзитетската болница во Ковентри ја примила првата вакцина.

– Ова е најдобриот роденденски подарок што би можела да го посакам. Се радувам на времето коешто отсега ќе можам да го поминам со семејството и пријателите – рече Кинан.

Велика Британија е прва западна земја што започна со имунизацијата на населението. Земјата нарача 40 милиони дози вакцина, доволни за помалку од една третина од популацијата.

Станува збор за дози од вакцината на „Фајзер“ и „Бионтек“.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*