Двајца маскирани крадци денеска претпладне се обиделе да ја ограбат поштата кај Железничката станица во Битола, но во тоа биле спречени од вработениот во Поштата.
Според очевидци на настанот двајцата крадци дошле до Поштата со мотор и маскирани влегле внатре, барајќи пари од вработениот.
Но младиот службеник во Поштата кога забележал дека пиштолот е плашливец се спротиставил на нивните закани и почнал физички да се пресметува со нив.
Од таквиот начин на реагирање на вработениот едниот веднаш избегал, а другиот продолжил да се пресметува со поштенскиот службеник, по што и тој избегал.
Притоа крадците го заборавиле моторот со кој дошле да ја извршат кражбата.
Полицијата го расчистува случајот.