По барање на градоначалничката Наташа Петровска, екипите на ЈП „Комуналец“, со поддршка на останатите јавни претпријатија, вршеа дезинфекција на станбени единици.
Во денешната акција беа опфатени населбите Карпош, Кланица, Стрелиште и Стара болница. По изготвен акциски план, со таа активност се продолжува и натаму, како една од превентивните мерки.