Don't Miss
Home / Uncategorized / Медиумите професионално и одговорно да известуваат

Медиумите професионално и одговорно да известуваат

Здружението на новинарите на Македонија се придружува на повикот на Европската федерација на новинари (ЕФН) во апелот до медиумите да известуваат одговорно и да избегнуваат создавање неоправдана паника во јавноста при известувањето за коронавирусот.

– Новинарите и медиумите имаат одговорност да се придржуваат до етичките правила при своето работење и да не придонесуваат во ширењето невистини и создавањето паника во јавноста. Тие имаат обврска да отстапат простор на експертите кои се квалификувани да коментираат за ваквите чувствителни прашања. Овој период треба да се избегнува користењето на вокабулар што предизвикува страв кај граѓаните и може да создаде паника што не одговара на реалноста. Освен тоа, новинарите треба да бидат особено внимателни и за приватноста на засегнатите лица. За таа цел апелираме до јавните власти и медицинските институции да обезбедат навремени и транспарентни информации, така што новинарите и јавноста ќе имаат пристап до сите релевантни информации – велат од ЗНМ.

ЕФН посочува дека новинарите имаат обврска да објавуваат точни податоци од официјални извори како што се оние од Светската здравствена организација и истите да бидат во согласност со Етичкиот кодекс на новинарите.

ЗНМ им порачува на граѓаните да внимаваат од кои медиуми се информираат за овие теми и предност да дадат на медиумите кои се дел од регистарот на професионални онлајн медиуми.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*