Менде Куновски, главниот и одговорен уредник на локалната телевизија Орбис е назначен за портпарол на РЕК Битола.
Менде Куновски, неодамна,откако против ТВ Орбис беше поведена стечајна постaпка ја напушти телевизијата и остана без работа.
Деновиве тој аплицирал на конкурсот во РЕК Битола на кои беа примени дваесетина нови службеници и бил примен во редовен работен однос.
Дознаваме дека во РЕК Битола Менде Куновски ке ја извршува функцијата портпарол.
Инаку Менде Куновски додека ја извршуваше функцијата главен уредник на ТВ Орбис беше жесток критичар на СДСМ и актуелната власт.
Битолски весник од свои извори дознава дека покрај Менде Куновски, по покренувањето на стечајната постапка ТВ Орбис ја напуштиле и сите други вработени во телевизијата.