Don't Miss
Home / Вести / Мерки за надминување на состојбите во Битолската болница

Мерки за надминување на состојбите во Битолската болница

                       

        Државниот санитарен инспекторат, по инскепцискиот надзор што го направи на Клиничката болница во Битола и инфективното одделение предложи неколку мерки со кои ќе се надминат  проблемите и немилите настани кои деновиве се најдоа во центарот на вниманието на социјалните мрежи.

        Со мерките на директорката на Клиничката болница во Битола, Билјана Гагачевска  ѝ е наложено да обезбеди адекаватна просторија за починати пациенти или да ја прошири моргата која ќе одговори на потребите.

        Со препораките на менаџментот на болницата и е наложено  да постави и за почитување на правата за приватност на пациентите, а изречено е решение за санирање на санитарниот јазол што со претходно решение бил забранет за употреба.

– Случката што се случи на  22 ноември  во 16.30 часот кога за жал, имајќи го предвид билтенот од претходниот ден, во битолската болница имало вкупно 13 егзитирани пациенти, а капацитетот на моргата која ја имаат за сместување на починати пациенти е за четворица. На директорката ѝ е наложено да обезбеди адекватна просторија или проширување на моргата која ќе одговори на потребите.

Во однос на изолираноста на пацинетите со паравани, тие се веќе поставени и се задоволени основните критериуми почитувајќи ги правата за приватност од Закон за права на пацинети, изјави  директораката на ДСЗИ Сотирова Бухова.

Вонредниот надзор на ДСЗИ во Килиничката болница во Битола ги опфати и санитарно хигиенските услови, а по реакците за состојбата на санитарен јазол. ДСЗИ, појасни Бухова, уште минатата година има издадено решение за забрана за употреба на тој санитарен јазол, а со решение е наложена негова реконструкција.

-Тој дел од болницата пред почетокот на пандемиските услови беше планиран за комплетно реновирање и пренаменување во геријатриски центар, но заради напливот на пациенти и овој дел од болницата е отворен за употреба, освен санитарниот јазол. Во моментов е издадено решение по кое директорката веднаш постапува за санирање, изјави Сотирова Бухова, по иснепкцискиот надзор на Клиничката болница во Битола.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*