Don't Miss
Home / Вести / Мерната станица за воздух Битола 1 не функционира

Мерната станица за воздух Битола 1 не функционира

Мерните станици се во функција, но дел од инструментите кои ги мерат ПМ10 честичките не работат, велат од Министерството за здрава и животна средина.

Од 17 мерни станици инструментите за мерење на ПМ10 не се фунција на 4 мерни места и тоа: Гази Баба, Миладиновци, Битола 1, Струмица и во мобилната станица која моментално е лоцирана во Ѓорче Петров.

Министерството тврди дека мерниот инструмент за мерење на РМ10/ПМ2.5 од мобилната мерна станица во Ѓорче Петров и мерните инструменти за РМ10 од мерните станици во Карпош и Струмица биле исклучени поради технички проблем.

Мерните инструменти, пак, за мерење на ПМ10 во Битола 1 и Миладиновци се исклучени поради осцилации во мерењата кои се последица на дотраеноста на самите инструменти и на нивниот извор за радијација, бидејќи оптимална оперативна работа на еден инструмент е 10 години, велат од Министерството.

Додаваат дека мерниот инструмент за мерење на СО од мерната станица Ректорат е исклучен поради технички проблем, додека инструментите за мерење од мерните станици Карпош и Центар не се во функција поради престанок на работата на фабриката на производителот „Орион“, и за нив немало резервни делови. Истите треба да се заменат со нови мерни инструменти од други производители.

Од Министерството посочуваат дека годинававо тек се повеќе активности за набавка на нови мерни инструменти. Реализацијата на дел од набавката е со донаторски средства, а дел со буџетски средства на МЖСПП.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*