Don't Miss
Home / Вести / Месец дена притвор на старец за полов напад на девојче

Месец дена притвор на старец за полов напад на девојче

         

          Битолската јавност е згрозена. Старец на возраст од 72 години напаствувал малолетно девојче на возраст од само 10 години.

          По барање на Основното јавно обвинителство  судија на претходна постапка му одреди мерка притвор во траење од 30 дена на лице на возраст

од 72 години, осомничено дека сторило кривично дело „полов напад врз дете кое не наполнило 14 години согласно член 188 став 1 од Кривичниот законик“.

          Како што информираат  од ЈО, на 1 август, во неговиот дом во Битола, осомничениот извршил други полови дејствија врз девојчето  родено 2011 година.

Вознемиреното  девојче, вџашено од однесувањето на старецот  се расплакало и го напуштило станот.

Ценејќи дека постојат законските основи, јавниот обвинител од судијата на претходна постапка при Основниот суд Битола достави предлог за определување мерка притвор.

Судот го прифати предлогот и на осомничениот му определи притвор во траење од 30 дена како мерка за негово обезбедување во текот на постапката.​

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*