Првиот состанок на работната група за продолжување на процесот на децентрализација се одржа во просториите на Министерството за политички систем и односи меѓу заедниците.
– Потребно е да се изготви предлог-програма за продолжување на процесот на децентрализација со акциски план, како и предлози за потребата од изготвување соодветни измени, што ќе обезбедат трансфер на надлежностите и ресурсите од централна во локалната власт – рече министерот за локална самоуправа, Горан Милевски.
Тој вели дека заеднички заклучок е дека процесот на децентрализација треба да продолжи без одлагање и дека на следната владина седница треба да се одобрат информациите за унапредување на фискалната децентрализација, како и ревизијата на нацрт-документот на работната група за проширување на процесот на децентрализација.
Со работната група претседаваше првиот вицепремиер и министер за политички систем и односи меѓу заедниците, Артан Груби, а присутни беа и министерот за финансии, Фатмир Бесими, градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов, градоначалникот на Велес, Аце Коцевски, и шефицата на кабинетот на премиерот Заев, Мирјана Јанева.