Во врска со изградбата на Модуларниот ковид центар во кој требаше да биде готов за три недели, од Клиничката болница во Битола сеуште молчат и не одговараат зошто доцнат работите.
И покрај сите напори да ја добиеме директорката на Клиничката болница Битола, и неколкуте пораки кои и ги испративме да добиеме одговор на прашањето кога Ковид модуларната болница ќе биде готова, за жал Билјана Гагачева ги игнорира сите наши барања.
Во таква ситуација се обративме до министерот за здравство Венко Филипче, кој за разлика од Гагачева веднаш ни одговори на нашите прашања.
Според Филипче изградбата на модуларниот ковид центар е при крај и остануваат да се завршат уште некои работи.
Чудно е како министерот Венко Филипче најде време да одговори на нашите прашање, а директорката на Клиничката болница, Билјана Гагачева сеуште ја нема да даде одговор.
Очигледно е дека таа одлучи со криење и молчење да ја раководи болницата.
Во Клиничката болница засега молчи и портпаролката која откако го испогани Гоце Делчев нарекувајки го к- р, буквално ја снема и не комуницира со никој.
Засега Битолски весник не памети во својата долгогодишна историја ваков однос на еден директор на болницата кон јавноста.
Во болницата поотворени кон Битолски весник беа дури и тогаш кога пишувавме за (не)намерното убиство на Јорго Ангеловски.
Гагачева изгледа не сфаќа или не сака да сфати дека таа додека е директорка на Клиничката болница има обврска да биде транспарентна и секогаш достапна за јавноста и медиумите, бидејки болницата не е нејзина приватна сопственост и јавноста треба да знае како таа ја раководи истата и да дава одгивори на секое поставено прашање, без разлика дали тоа и се допаѓа или не.
М.Младеновски