Don't Miss
Home / Вести / Младинско учество за силен и одржлив развој на заедницата

Младинско учество за силен и одржлив развој на заедницата



Градоначалникот на општина Битола, Тони Коњановски и извршниот директор на Коалицијата на младински организации „СЕГА“, денес во Битола  потпишаа Меморандум за соработка во рамките на Проектот “Младинско учество за силен и одржлив развој на заедницата“.
      Проектот, кој го спроведуваат Коалицијата на младински организации СЕГА во партнерство со СОС Детско Село, Волонтерски Центар Скопје и Женски Форум Тетово, со поддршка од Европската унија, има за цел да обезбеди поддршка за локалните самоуправи при подготовка на локални стратегии за млади како и поддршка за локалните младински совети.
       Со реализацијата на активностите предвидени со Меморандумот за соработка, ќе се овозможи подобро спроведување на Законот за младинско учество и младински политики, согласно реалните потреби на младите во Битола.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*