Екклузивно интервју за Битолски весник: Драган Миновски, генерален директор на АД ЕЛЕМ
Првиот човек на „Електрани на Македонија” (ЕЛЕМ), Драган Миновски, на чело на најголемата државна енергетска компанија во земјава дојде пред неполни 7 месеци, што е доволен период одблиску да се запознае со состојбите во компанијата и воопшто со македонскиот енергетски систем. Во ексклузивното интервју за Битолски весник првиот човек на ЕЛЕМ открива детали од затекнатите состојби во ЕЛЕМ, проблемите што се јавиле од несоодветните изведби на инвестициските зафати за модернизација на РЕК „Битола”, новите инвестициски планови на компанијата и одговара на многу други актуелни прашања.
Битолски весник: Господине Миновски како ја оценувате состојбата што ја затекнавте во ЕЛЕМ?
Драган Миновски: Со нашето доаѓање, на 7 август 2017 година, затекнавме една ситуација во која капацитетите за производство на струја, што е главна дејност на компанијата, не беа најдобро организирани и подготвени за зимскиот период. Токму затоа во месеците август, септември, октомври и ноември се направија ремонти на трите агрегати во РЕК „Битола”. Се направија и одредени зафати за да може термоелектраната „Осломеј” да почне со производство на електрична енергија. Обезбедивме јаглен за ТЕ „Осломеј” за да може да произведува електрична енергија во зимскиот период. Исто така, обезбедивме јаглен за РЕК „Битола” и почнавме активности за ископ на јаглен на соодветни места во рудниците „Суводол” и „Брод – Гнеотино” за да обезбедиме јаглен за зимскиот период. Со сите обезбедивме доволни количества јаглен за непречена работа на агрегатите за производните капацитети.
Б.В.Дали вие како човек кој доаѓа од енергетиката очекувавте ваква состојба?
Д.М:Искрено да кажам не очекував ваква состојба. Како човек што претходно беше ангажиран во приватниот енергетски сектор имав познавања за тоа како стојат работите во енергетиката. Исто така, како човек што беше дел од тогаш опозициската политичка партија имав сознанија, односно следев што се случува во државниот сектор. Меѓутоа, морам да признаам дека и покрај сите сознанија што ги имавме и сите критики што ги испракавме на таа сметка, затекнатата состојба ги надмина моите негативни очекувања.
Б.В:Вашиот претходник, а сега лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Кристијан Мицковски кога се повлече од функцијата, истакна дека ви остава стабилен енергетски систем и полна каса?
Д.М. Дали енергетскиот систем бил стабилен или не и дали во изминатот период се работело на негова стабилизација, или негова дестабилизација тоа е навистина прашање за кое можеме да дискутираме. Тоа што е факт е дека ние како ново раководство затекнавме празни акумулации, затекнавме ненаправени ремонти во РЕК Битола, РЕК “Осломеј” надвор од функција подолго време поради необезбеден јаглен и немање услови за работа итн. Разбирам дека секој кој заминува од некоја функција сака да каже дека оставил позитивни резултати зад себе, но исто така треба да се знае дека секој кој доаѓа прави пресек и анализа на фактичката ситуација и на она што го затекнува. А тоа што ние го затекнавме го негира тврдењето на нашите претходници.
Б.В:Каква е состојбата во РЕК „Битола”?
Д.М: Во РЕК „Битола” затекнавме пред сѐ комбинат во кој со текот на годините се трошеле сѐ повеке пари, а се произведувало сѐ помалку електрична енергија. Имало сѐ повеке вработувања, а се копало сѐ помалку јаглен. Блоковите се модернизирале, а по тие зафати произведувале помалку електрична енергија од претходно. Слаба работна дисциплина, непочитување на хиерархијата, мешање на партиски инстанци во инстанците на самиот комбинат итн. Ние направивме одредена реорганизација. Направивме ревизија на одредени постапки за јавни набавки, на вработените им беше кажано дека работа има за сите, но дека мора да се ангажираат за тоа за што се платени, назначивме ново раководство, додека, пак, на досегашното раководство му се дадени позиции на кои се надеваме дека ке помогнат со своето искуство и знаење за РЕК „Битола” да зајакне. Веруваме дека сите треба да ги впрегнеме силите за овој нас многу значаен производствен капацитет да застане на цврсти нозе, а кога велам значаен мислам на неговото значење за целата држава. Од 2012 година наваму направена е модернизација на двата блока во РЕК „Битола” на блокот 3 и на блокот 2. За таа модернизација досега се исплатени околу 60 милини евра од вкупно 88,5 милиони евра кредит од Дојче банка, со кои требаше да се направи модернизација на сите три блока во РЕК „Битола”.
Со модернизацијата на блокот 3 направено е намалување на азотните оксиди во околината. Меѓутоа, за жал, со тие зафати намалени се ефикасноста и мокноста на самиот блок. Ако во минатото од блокот 3 можеше да се произведат и до 225 мегавати електрична енергија, во моментов од соодветната калорична мокност на јагленот, која е мошне висока блокот 3 не може да ја достигне бараната вредност од 233, па дури и од 200 до 205 мегавати.
Во блокот 2 направени се модернизации на самиот блок, меѓутоа се добива истата слика во однос на излезната мокност. И покрај ваквите недостатоци претходното раководство ја прифатило модернизацијата како добра за блокот 3, додека за блокот 2 е стопирана откако се увидени одредени недостатоци од самата модернизација. Во таа смисла направени се напори тие недостатоци да се надминат, меѓутоа сепак досега не е направено ништо во тој дел. И затоа ЕЛЕМ, како компанија е пред арбитражна постапка со изведувачот на работите, фирмите „Бефингер” и „Бабкок”.
Модернизацијата на блокот 1 не е почната воопшто. Имавме два состанока во насока на прекинување на арбитражната постапка и продолжување на активностите за наоѓање начин да се најде решение за настанатиот проблем со изведувачот на работите и да се коригираат недостатоците, но сакам да кажам дека модернизацијата на блоковите не ги даде посакуваните резултати и поради тоа ЕЛЕМ е пред арбитража со овие компании.
На арбитража одиме со намера да докажеме дека бараните параметри од наша страна, изведувачот на работите не ги исполнил. Сакам да кажам дека ЕЛЕМ како компанија има ангажирано адвокатска канцеларија за самата постапка со договор за мошне висока сума. За овој проект веке се исплатени шеесетина милиони евра, а резултатите не се добиени. Нашите пресметки и анализи покажуваат дека изгубената мокност и изгубената енергија во изминатите години, поради неисполнетите барања и критериуми ја чинат компанијата повеке од 200 милиони евра. Штетите од непостигната мокност се огромни за компанијата. Зошто е тоа така направено, зошто се пропишани такви технички спецификации во барањата, зошто е прифатен блокот 3 по модернизацијата, а не се постигнати бараните параметри, тоа треба да биде предмет на анализа и на други институции. Во моментот ние правиме наши внатрешни анализи.
Б.В:Битолчани во последно време доста често се жалат на загадувањето на воздухот од РЕК „Битола”. За намалување на загадувањето вие неодамна дониравте прочистувачи на воздухот, но најавивте и проект за десулфуризација. До каде се активностите на тој план?
Д.М:Намалувањето на загадувањето од РЕК „Битола” е нешто што оваа влада и ова раководство на компанијата го имаат високо на агендата и тоа ке се прави и веке се прави. Се работи за големи проекти што треба да го намалат загадувањето и кои се и скапи и кои бараат и подолго време за да се реализираат. Но мора еднаш да се почне, па, така, и ние ги направивме првите чекори.
Предвидени се средства за 2018 година за оваа намена: електростатски филтри, потоа подготовки за имплементирање технички предуслови за десулфуризација, намалување на штетните емисии во воздухот итн. Паралелно, работиме на стандардизирање на отпепелувањето и вршење на таа активност според протоколите што се предвидени. Потоа ако зборуваме за превенција, па и за санирање на последиците, сакам да нагласам дека напролет ние ке извршиме пошумување на околината на РЕК „Битола”, односно на земјиштето околу комбинатот, што нам ни е обврска. Наедно за 2018 г. предвидовме 10 илјади евра за садници за пошумување на областите што се најприоритетни, а во меѓувреме ке се изврши процена со какви видови дрвја ке биде извршено засадувањето, односно кои дрвја ке донесат најдобри резултати во прочистувањето на воздухот и ке бидат еден вид зелена тампон-зона кон пошироката околина на комбинатот.
Б.В:Како вие како прв човек на АД ЕЛЕМ ги коментирате барањата на невладините организации од Битола за плакање субвенционирана електрична енергија?
Д.М: Би сакал уште еднаш да нагласам дека ЕЛЕМ само произведува електрична енергија, не ја испорачува електричната енергија до крајните потрошувачи, односно до домакинствата во слуцајов. Тоа го прави ЕВН и оттука ова прашање е всушност за диструбутерот, за ЕВН. Истиот одговор го дадовме и на невладините организации кои се обратија до ЕЛЕМ со нивна иницијатива.
Б.В:За да го намали загадувањето на воздухот во Битола, новата локална самоуправа најави проект за гасификација. Во таа смисла и АД ЕЛЕМ има проект за доведување топлинска енергија до Битола, Новаци и до Могила. До каде се активностите на тој план?
Д.М: Во моментот се прави анализа на овој проект, но со последната најава на градоначалничката на Битола за проектот за гасификација и одвоените средства за почнување на изработка на првичната документација за тој проект, се наметнува потребата за правење дополнителна анализа од која ке се види кои делови на Битола ке бидат опфатени со гасификацијата, бидејки паралелното воведување системи и за гасификација и за топлификација не е исплатливо и не е енергетски ефикасно, и во тој правец ке биде потребно да одржиме заеднички состанок со раководството на битолската самоуправа.
Б.В:Неодамна вториот блок на ТЕ “Битола” испадна од мрежата. Тоа некои го искоментираа дека се случи поради тоа што наводно на депонијата нема доволно јаглен и затоа испаднал блокот. Дали граѓаните на Македонија можат да бидат мирни дека нема да има енергетска криза?
Д.М.Точно е дека на 2 јануари еден блок на РЕК “Битола” испадна од мрежа, но не е точно дека тоа се случило поради недостиг на јаглен. 15-часовниот застој настана поради прекин во помошното напојување и утврдено е дека не постои поголем технички дефект. Јаглен секојдневно се копа и јаглен има за непречено производство на електрична енергија во РЕК “Битола”. Енергетска криза нема и таква криза нема на повидок.
Б.В:Кога СДСМ беше во опозиција во голема мера го критикуваше однесувањето на претходната власт за увозот на електрична енергија. Дали Македонија повторно и со вас на чело ке мора да увезува значајни количини електрична енергија?
Д.М: Кога новото раководство го презеде менаџирањето со компанијата во август 2017г. проценките врз основа на анализите кои тогаш се направија се базираа на расположивите податоци за тоа со какви потенцијали располагаат производствените капацитети и тие анализи покажаа дека годината ке ја завршиме со 3600 ГНЈх производство на електрична енергија. Но, во следните 5 месеци до крајот на 2017г. ние презедовме буквално се што можевме за да го зголемиме производството и годината ја завршивме со 4100 ГНЈх електрична енергија.
Тоа го постигнавме така што се почна со оптимален ископ на јаглен во РЕК “Битола”, почнавме со рационално и оптимално користење на хидроелектраните и почна зголемено производство на електрична енергија од нашите производни капацитети. Потоа, повторно го активиравме РЕК “Осломеј”, кој беше во мирување од февруари 2017г. Таму практично јагленовите наоѓалишта се исцрпени, но ние успеавме од различни делови на коповите да извадиме помали количини јаглен и кога тоа ќе се собере се заедно, се добива една количина со која РЕК “Осломеј” може да работи прилично добар период и да помогне да ја поминеме зимата со што поголемо домашно производство на електрична енергија и се разбира таа да биде со што пониска цена на чинење, што секако се постигнува со работење на капацитетот, наместо со држење во мирување на начин кој генерира само трошоци. Од друга страна, увозот на електрична енергија од оваа година повторно ке го преземе ЕВН како обврска, така што ЕЛЕМ ке се насочи само кон производството.
Исто така, сакам да кажам и дека со зголемено производство на електрична енергија и со намалување на трошоците, оваа година 2018, ке се потрудиме да не бараме зголемување на цената на електрична енергија.
Б.В:Доста често го критикувате начинот на работењето во РЕК „Битола” во однос на ангажирање механизација од приватни компании што остваруваа големи профити. Кажете ни дали ЕЛЕМ конечно ке му стави крај на ангажирањето приватни компании за ископ на јаловина и за транспорт на јаглен?
Д.М: АД ЕЛЕМ многу брзо ке распише тендер за набавка на сопствена механизација за ископ на јаглен и со тоа ангажирањето надворешни фирми за таа намена ке биде сведено на минимум, а нашата цел долгорочно е тоа да биде и целосно елиминирано. За нас како раководство и лично за мене е неприфатливо РЕК „Битола” да не може сам да си обезбеди јаглен, односно самиот да си ископа јаглен, а производството на електрична енергија му зависи од таа суровина, односно од тој ресурс. Затоа, инвестициските планови на компанијата се во тој правец – купување механизација со која комбинатот ке може самостојно да функционира и со што ке се сведат на минимум, или целосно ке се отстранат можностите за евентуални злоупотреби во тие рамки. Сакам да истакнам дека како работела претходната гарнитура и како работеле некои коминтенти на ЕЛЕМ и на РЕК „Битола” е предмет на анализа и истраги на други институции. Јас сакам само да кажам дека на овој менаџмент на АД ЕЛЕМ не му е ни на крај памет да оди по стапките на некој претходник, или на кој било друг што фаворизирал некого на државна штета, а на крајот можеби и на своја штета. Такви се и многу категорични се и насоките од Владата во тој поглед, така што немам дилема дека компанијата ке работи законски и единствено во интерес на јавноста, државниот буџет и на производството на електрична енергија.
Б.В:Како е можно сите изминатити над 3 децении безначајни фирми да набават потребна механзиација за ископ на јаловина и транспорт, а АД ЕЛЕМ да не може да купи такви машини. Дали таквиот начин на работа не беше намерен за да се извлекуваат огромни суми на пари од РЕК “Битола”, кои никој не знае каде точно завршуваа?
Д.М.И вие самиот сте од Битола и долги години преку вашата професија новинар сте ги следеле состојбите во градот, вклужувајки ги и бизнис состојбите, и верувам дека имате многу прецизна слика како истите се развивале.
Во таа смисла, јас само ке речам: како работела претходната гарнитура, како работеле некои коминтенти на ЕЛЕМ и на РЕК “Битола” е предмет на анализа и истраги на други институции. Јас сакам само да кажам дека на овој менаџмент на АД ЕЛЕМ не му е ни на крај памет да оди по стапките на некој претходник, или на било кој друг кој фаворизирал некого на државна штета, а на крај можеби и на своја сопствена лична штета. Такви се и многу категорични се и насоките од владата во тој поглед, така што немам дилема дека компанијата ке работи законски и единствено во интерес на јавноста, државниот буџет и на производството на електрична енергија.
Б.В:Дали против таквите фирми и поединци, кои се слушаат во “ бомбите “ ке бидат преземени соодветни мерки?
Д.М. Реков, сведоци сме дека такви процеси веке има. Ние како раководство ке овозможиме другите институции да ја завршат својата работа.
Б.В:Во изминативе години во ЕЛЕМ има континуиран пораст на бројот на вработените. Планирате ли ревизија на вработувањата?
Д.М: Точна е вашата констатација. Бројот на вработувањата од година на година се зголемувал и тоа главно неоправдано. Уште полошо е што вработувањата не се правени според потребите на работниот процес, туку според желбите и потребите на раководството, на политиката или на самите луѓе што биле вработувани. Па, така, вие денес во РЕК „Битола”, или во ЕЛЕМ ке најдете разни профили на вработени на кои местото не им е во ваква компанија, ке најдете луѓе на работно место за кое немаат соодветно образование, додека, пак, на местата каде што е потребен кадар – нема никој. Главно, тренд било да се избегнуваат тешките работни места. Се прима некој на такво место и потоа веднаш се префрла на, условно речено, полесно. Тоа што ние го планираме е оптимизација на работната сила. Да се изврши стручна процена на кадарот и на потребите на компанијата и ресурсите да се распоредат на начин што ке даде најдобри резултати во работниот процес.
Б.В: Ке добие ли Мариово рудник за јаглен и термоелектрана?
Д. М. ЕЛЕМ има направено анализи за наоѓалиштата за јаглен во реонот на Мариово. Направени се анализи и за други региони во државата каде има одредени количини јаглен, но приоритет на ова раководство се постојните капацитети и да обезбеди јаглен за производните капацитети во околината на Битола, да ги зацврсти постојните рудни капацитет, потоа Живојно, а во иднина можеби и Мариово.
Б.В:Дали ке се градат конгенеративни постројки односно гасни електрани и топлани кои ке бидат приклучени на гасоводната мрежа на локациите Тетово-Гостивар, Скопје и Штип-Велес-Кочани, а кои освен за производство на струја би се користеле и за затоплување на домовите во овие градови?
Д.М.Точно е дека ЕЛЕМ во изминатиот период правеше физибилити студии за изградба на когенеративни постројки за производство на електрична и топлинска енергија во Тетово ,Штип и во Скопје.Секако дека тоа се разгледува доста сериозно во рамките на АД ЕЛЕМ, но сведоци бевме дека во изминатиот период во изборната кампања за локалните избори скоро сите градоначалници во програмите го имаа проектот за гасификација на своите општини. Гасификација и топлификација на една иста територија не е вистинското решение, бидејки ниту едниот (гасификација) ниту другиот проект (топлификација) на крајот ке бидат исплатливи. Во наредниот период ке организираме состаноци со градоначалникот на Гази Баба и со другите градоначалници каде што може да се сири дистрибутивната мрежа на Енергетика и доколку веке направиле мапирање на реоните каде ке се гради гасоводна мрежа, да ги согледаме можностите да ја развиваме нашата топлификациона мрежа во останатите региони од општината. На тој начин оптимално ке се искористат и двата системи но и ке се намали загадувањето.
Б.В: Какви проекти планирате во иднина за искористување на сончевата енергија и на ветерот за производство на струја?
Д.М: Во иднина се планирани неколку проекти во однос на производство сончева енергија и ветерна енергија. Во наредниот период ке почнат активности за довршување на втората фаза од ветерниот парк „Богданци” со што требаше да се инсталираат дополнителни 13,2 мегавати мокност ветерна енергија и да се докомплетира целиот проект со инсталирана 50 мегавати мокност од ветерна енергија на целиот систем „Богданци”. Исто така, во наредниот период планирани се активности за почнување нов проект за ветерна енергија. Тоа е нов ветерен парк со инсталирана мокност од 14 мегавати со сто ЕЛЕМ би имал 64 мегавати инсталирана ветерна енергија во своето портфолио. Наедно планирани се активности и во однос на производство на сончева енергија во околината на Осломеј, каде што планираме да се изгради 10-мегаватна фотоволтаична електроцентрала. Зошто баш околината на Осломеј е избрана за реализација на овој проект? Главната причина е што во рудниците околу теремоелектрана „Осломеј” повеке јаглен нема. Во изминатиот период имаше ископ на јаглен од тој дел, а јаловината беше отстранувана во околината на самите рудници. ЕЛЕМ како компанија има обврска да направи рекултивирање на тоа земјиште, а со самото рекултивирање на земјиштето ние планираме да изградиме и нова 10-мегаватна фотоволтаична електроцентрала. На тој дел веке имаме патишта изградено, а енергетското поврзување на новата 10-мегаватна фотоволтаична електроцентрала би било многу лесно и многу поевтино. Сите овие аспекти ја намалуваат производната инвестициска вредност на самиот проект и даваат проектот да биде многу поисплатлив.
Б.В: До каде се активностите за реализација на инвестициските проекти „Чебрен” и „Галиште”?
Д.М: Ние како АД ЕЛЕМ и верувам и сигурен сум и Владата како сопственик на АД ЕЛЕМ, сакаме да се реализираат овие капитални проекти. Тоа ќе реши многу во областа на производството на електрична енергија. Во декември 2017 година се направи претстудија за оправданост за овој проект, од која произлегоа 3 до 4 можни варијанти за реализација. На почетокот на 2018 година, АД ЕЛЕМ ке ја информира Владата за резултатите од претстудијата за оправданост, а кои ке бидат идните насоки од Владата дополнително ке видиме. Инаку има многу странски компании што се заинтересирани да учествуваат или да ги градат овие електроцентрали, но факт е дека станува збор за многу скап проект, околу 600 милиони евра, тука ке треба да биде вклучена и државата, да се најде модалитет за финансирање, како и најсоодветната варијанта за градба на проектот.
Б.В: На крајот кажете ни до каде е изборот на ново синдикално раководство во РЕК “Битола” и АД ЕЛЕМ и како вие како прв човек на оваа компанија реагирате на кризата во синдикатот и наводната огромна задолженост?
Д.М:Менаџментот на ЕЛЕМ не сака да биде прозиван да одговара за теми поврзани со синдикатот, бидејки тоа не е во негова надлежност.
Менде Младеновски