И покрај тоа што последните неколку дена температурите паднаа 16 степени под нулата голем број битолчани сеуште не можат да се “греат “ на инвертери.
Поради тоа тие се принудени да се греат со печки на дрва или на струја.
Овие денови на голем маки се и монтерите на климите кои иако работаат буквално седум дена во неделата од утро до мрак не можат да стифнат секаде да ги монтираат инвертерите.
Тие едноставно глава не можат да кренат од работа.
На тој начин се чини пропадна идејата оваа зима 2.500 семејства да се “ греат “ на клима и да ги “угасат “ печките на дрва, за да битолчани дишат чист воздух.
Попладенво во нашата редакција се јавија неколку наши читатели кои се пожалија на работата на монтерите кои и покрај тоа што за секој монтиран инвертер наплаќаат дури по 100 евра селективно и со врски ги монтираат климите.
Гневните читатели ни се пожалија дека монтерите кои не можат глава да кренат о д работа се жалат дека не можат да стигнат да ги монтираат климите.
Во сето лошо “ добро “ е што не ги вратиме печките на дрва и навреме се обезбедивме со огревно дрво па така некако ќе ја протуркаме зимата, ни изјавија нашите соговорници.