Don't Miss
Home / Вести / МПЦ-ОА: Внимавајте антицрковни профили шират поделби и ерес

МПЦ-ОА: Внимавајте антицрковни профили шират поделби и ерес

Владиците на МПЦ-ОА се оградија и дистанцираа од неколку фејсбук страници преку кои изминатиов период се шират дезиформации и лажни вести, под некаква закрила за заштита на православието.

Во основа станува збор за фејзбук профили со црковни имиња, кои имаат за цел да ги доведат во заблуда верниците и да предизвикуваат поделби и недоверба во црквата. Во таа група влегуваат фејсбук профилите Слово против сектите“, „Соборно православие – анaлизи“, „Православна Македонија“, „Свето Православие“, „Слово Божјо“, „За последните времиња“, „Симон Киринејски“, „Манастир Св. Гаврил Лесновски“ и  некои други

На последната Синодска седница, владиците на МПЦ-ОА одлучиле да ги повикаат верниците да не им веруваат на инфоарциите кои се споделуваат преку овие профили на социјалните медиуми, посочувајќи дека зад нив стојат лица кои имаат за цел да им наштетат на црковните интереси на МПЦ-ОА.

-САС на МПЦ – ОА со голема загриженост ја разгледа појавата на антицрковни тенденции, кои, свесно или несвесно, го нарушуваат единството и чистотата на правoславната вера, како и духовниот и канонски поредок. Ваквите пројави главно се демонстрираат на социјалните мрежи, каде што преку духот на осудата, а за некакво божемно „отстапување од светите канони“ се дава повод за соблазна на верниот народ. Оние што стојат зад платформите: „Слово против сектите“, „Соборно православие – анaлизи“, „Православна Македонија“, „Свето Православие“, „Слово Божјо“, „За последните времиња“, „Симон Киринејски“, „Манастир Св. Гаврил Лесновски“ и  некои други, љубовно се повикуваат да го напуштат клеветничкиот и соблазнувачки дух и да се вратат во послушание кон Светата Црква, стои во соопштението на МПЦ-ОА.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*