Пандемијата од ковид 19, во Битола ја зеде и најмладата жртва.
На Инфективната клиника во Скопје почина 27 годишно момче, кое пред само неколку дена беше тестирано и се покажа дека е позитивно на ковид 19.
Станува збор за младо момче, кое имаше само 27 години, а кое работеше во кафе барот “Добри вибрации“ во Нова Битола.
Тоа пред неколку дена беше хоспитализирано на Клиничката болница во Битола и потоа поради компликации беше префрлено на лекување на Инфективната клиника во Скопје.
Откако беше оценетео дека младиот битолчанец е позитивен на ковид 19, сопственикот го затвори кафе барот и сите вработени заминаа во изолација.
Смртта на младиот битолчанец ги загрижи битолчани каде во последно време се повеќе се зголемува бројот на позитивни на ковид 19.
Тоа што посебно ги загрижува битолчани е што и покрајпрепораките и апелите за почитување на мерките за заштита сепак мал број луге ги почитувата истите.
Иронијата да биде поголема во моментот кога во Битола драстично се зголемува бројот на заболените од ковид 19 и падна и најмладата жртва денеска во градот под Пелистер со бројни плакати се најавуваат концертите на Хераклеја, чиј покровител е локалната самоуправа на Битола.
Битолчани се прашуваат што треба уште да се случи за конечно граѓаните и надлежните институции да се свестат за да ги принудат непослушните да ги почитуваат мерките и препораките.