Од 19 до 21 јули во Битола ќе се одржи новото издание на фестивалот “Локум фест“
Овој фестивал е единствена ваква манифестација која својата инспирација ја црпи од културното наследство на најопеаниот македонски град, градот Битола. Истиот започна 2007 г. во организација на Центарот за културна деконтаминација, во срцето на старата битолска чаршија , земајќи го обичајот на „локум и кафе “ како синоним за средба, еснафлук, пријателство помеѓу сите култури во славаната конзулска Битола.
Овој фестивал ја слави традицијата, културното наследство на многувековната Битола и повикува на славење на различноста низ музика и изложби. Како секоја година започнуваме со чалгии, завршуваме со етно-фјужн… Изложби на ракотворби, везови и секако локумите на DONIA.
Во трите фестивалски вечери ќе настапат седум ансамбли од Македонија, Бугарија, Турција, Словенија, Индија. Ќе се дружиме со „Морски перли“ од Варна, „Balkananatolia “ Турско македонска тајфа,„Баклава“, „Enhnusiasm“ од Словенија,„Вевки чалгија трио“, и „Tapi Projec“t од Индија…
Нашите соработнции од Регионалната занаетчиска комора Б8итола, ЗУР Македонски ракотоворби си своите ракотоворби, Органiзација на жени од Битола со „ Архитектурата на Битола низ вез“, како и гости од другите градови…
Фестивалот е делумно поддржан од Министерство за култура на РМ.во рамките на годишната програма, Општина Битола, во рамките на Бит фест и Агенцијата за поддршка и промоција на туризмот .
Организатори се ЦКД Битола и ЗГ Локум фест.