Don't Miss
Home / Вести / На почетокот на јули Апелација одлучува за жалбите на Талески и осудените во “ Транспортер “

На почетокот на јули Апелација одлучува за жалбите на Талески и осудените во “ Транспортер “

               

        Според извори на “Битолски весник “ Апелациониот суд во Скопје ја закажа јавната седница за случајот “ Транспортер “ за почетокот на јули.

        Седниаца  за жалбите на  Апелација  за екс градоначалникот на Битола Владимир Талески и секретарот Слободан Бончановски, како и другите 19 осудени лица во случајот “ Транспортер “ е заканажна на 1,2 и 5 јули.

        Жалбите ќе се разгледуваат три дена.

        Инаку да потсетиме  Основниот кривичен суд во Скопје со  судијката Добрила Кацарска  во  првостепената пресуда за случајот „Транспортер“, кој го покрена СЈО против поранешниот градоначалник на Битола, Владимир Талески, и уште 20 лица за  злоупотреба на службената положба во врска со организирањето превоз на ученици во Битола, на Талески му изрече казна затвор од 8 години, а на екс секретарот на општината 6.5 години затвор.

        Тие од тогаш се наоѓаат во домашен притвор.

И останатите 20 обвинети  се прогласени за виновни. Половина од нив добија условни, а половина затворски казни. Меѓу десетемина кои добија затворски казни се и управители на фирмите за автобуски превоз , а казните  се движат од 2 години и 2 месеци до 3 години, додека директорите на училиштата добија условни казни.

Покрај затворските казни, во пресудата што ја изрече Основниот кривичен суд во Скопје со кој претседаваше судијката Добрила  Кацарска предвидена е и конфискација на имот од фирмите во износ на направената штета или нешто повеќе од 34 милиони денари (околу 550 000 евра). Ако фирмите немаат доволно имот за конфискација, тогаш таа ќе се изврши на имотот на обвинетите управители.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*