Деновиве заврши судскиот процес “ Транспортер“, во кој се обвинети 21 лице.
Според извори на Битолски весник судската пресуда јавно ќе биде соопштена во вторник на 31 март во 12 часот.
И додека обвинетите во овој случај со превозот на учениците стравуваат какви казни ке добијат, адвокатите кои ги бранеа нив задоволно тријат раце.
Имено според наши извори доколку бидат осудени, обвинетите ќе треба на адвокатите да им исплатат милионски суми на пари.
Според некои математиките најмалиот износ кој ќе го заработат адвокатите ќе изнесува над 4 милиони денари.
Обвинетите ќе мора да ги платат овие пари дури да бидат осудени со условна пресуда.
Единствен начин да се спасат од плаќањето на високоите авдокатски трошоци е доколку бидат прогласени за невини.
Инаку СЈО ги тужи сите обвинети за наводна штета на буџетот на Општината во износ од 360.000 евра.