Во настојувањето за комерцијално и рентабилно работење и намалување на приходите од сечење и продажба на огревно дрво, првиот човек на Националниот парк Пелистер, Осман Шукриу излезе со иницијатива за наплата на одреден процент од цената на водата од водоводните претпријатија, која извира и течи низ планината Пелистер, потоа на дел од приходите кои ги остваруваат хидроцентралите кои за производство на електрична енергија ги користат водите во Националниот парк, како и одреден процент на средства од сопствениците на антенските столбови кои се поставени на највисоките точки на врвовите на Националните паркови во државата.
Ваквата иницијатива на првиот човек на НП Пелистер, Осман Шукриу, со која наскоро ќе ја запознаат Владата, наиде на одобрување и кај другите директори на Националнкте паркови во Македонија,
-Националните паркови не треба повеќе своите приходи да ги остваруваат од сечењето и продажбата на огревни дрва. Доколку на ваков начин ние остваруваме средства, во тој случај сечата на огревното дрво во националните паркови ќе се сведи на минимум и шумите ќе бидат наменети за заштита на човековата околина и прочистување на воздухот, вели Шуктиу.
Инаку Осман Шукриу неодмана излезе во јавноста со иницијаива во иднина Националниот парк Пелистер да се финансира исклучиво од фондови од странство, а не од сечење и продажба на огревно дрво. На тој начин ќе се заштити природата со која изобилува Пелистер.
Токму таков проект по неговото доаѓање на функцијата прв чоевк на НП Пелистер беше потпишан неодамна со донатор од Германија.
-Мојата цел е за време на мојот мандат да работиме на проекти од надвор, за да не ги користиме ресурсите од НП, туку да се финансираме од фондови од надвор. Кога дојдов на функцијата директор на НП Пелистер потпишав проект со организација од Германија, кои инсистираат да не финансираат со 100.000 евра годишно, но под услов за таа сума пари ние да ја намалиме сечата на дрва на Пелистер и на тој начин да се финансираме и да ја штитиме природата, вели Шукриу.
Со цел да се разменат искуства меѓу двата Национални паркови, Пелистер и Галичица, деновиве во во Информативниот центар на Пелистер се одржа работна средба на тема екосистемски услуги.
-Со еко системските услуги кои ги носат заштитените подрачја и можноста со подобрување на заштитата и управувањето со националните паркови да постигнат ефект на заштита на природата, но и да ја подобрат финансиската состојба на заштитените подрачја. Во Македонија заштитата на природата е препуштена на самофинансирање на установите, што не е добро изјави, Андон Бојаџи, НП Галичица, кој истана дека поради пандемијата НП Галичица претрпе огромни финансиски штети, бидејќи приходот од туристички активности во 2020 година, во однос на 2019 паднал дури за над 70 отсто.