Деновиве заврши конкурсот за избор на координатор на Општинскиот комитет на ВМРО ДПМНЕ Битола.
Иако засега нема официјална потврда, сепак според извори на Битолски весник, на конкурсот се пријавиле над 20 кандидати за прв човек на партијата во Битола.
Сите тие кои конкурирале според Статутот на партијата наскоро ќе бидат повикани на интревју во кадровската комисија на партијата, на кое интервју кандидатите ќе треба да ги објаснат мотивите и амбициите за водење на битолската партиска организација.
Засега во ВМРО ДПМНЕ не сакаат да ја запознаат јавноста со имињата на кандидатите кои ја посакуваат фотелјата на Иванчо Тошевски, но како што дознаваме меѓу кандидатите кои конкурирале има доста нови, но и веќе познати имиња.
Името на новиот лидер на битолската ВМРО ДПМНЕ ќе биде познато по завршувањето на интервјуата, но како што стојат работите сепак конечниот збор ќе го каже лидерот на партијата Христијан Мицкоски.
По изборот за координатор на Општинскиот комитет новиот партиски лидер ќе треба да го формира новиот Општински комитет на партијата.