Don't Miss
Home / Вести / Над 6000 битолчани го ажурирале членството во СДСМ

Над 6000 битолчани го ажурирале членството во СДСМ

        Денеска во посета на Општинската организација на СДСМ и Битола беше генералниот секретар на партијата, Љупчо Николовски.

        За време на посетата  на Битола, Николовски имаше  средба со општинското партиско раководство, а оствари и средба со граѓаните.

        Во изјавата за медиумите Николовски истакна дека е мошне задоволен од бројот на членовите на партијата кои го ажурирале своето членство во СДСМ како и тоа како течат подготовките за претстојниот конгрес на партијата.

        -Посебно ме радува тоа што во Битола е најголемото социјал демократско семејство. Над 6. 000 членови, кои веќе го ажурирале своето членство  го потврдуваат своето членство и застануваат зад политиките и програмата на СДСМ. Од нив вкупно 5.220 членови пријавиле учество на непосредните избори ан 21 март.

СДСМ и победува и се менува. На 10 март ке го одржиме состанокот на  Централниот одбор на партијата по што ќе започне постапката за евидентирање на предлозите за  кандидати за членови во највисоките органи на партијата, изјави Николовски.

       Николовски се интересираше за тоа како се одвива реализацијата на проектите кои се финансирани од локалната самоуправа  и Владата преку различни програми.

        -Ние денеска сакаме да ги детектираме проблемите на граѓаните  на Битола и да понудиме решенија. Раководството на партијата е постојано на терен со што покажува дека му служи на народот, рече Николовски, кој истакна дека за СДСМ Битола е мошне значајна з апретстојните локални избори и дека очекува победа на изборите.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*