Don't Miss
Home / Uncategorized / Наредба на Филипче за сите здравствени установи

Наредба на Филипче за сите здравствени установи

Министерот за здравство, Венко Филипче, донесе наредба за мерки за работата на сите здравствени установи и нивните вработени.

Од Министерството за здравство истакнуваат дека наредбата опфаќа мерки за мобилизација, организација и распоред на работата и работното време, промена на работни места и услови на работа на здравствени установи и нивни вработени и на приватните здравствени работници во состав на мрежата на јавно здравствените установи, а во врска со користење на медицинско – техничката опрема и останати медицински средства во согласност со потребите и мерките за спречување на појава, внесување, рано откривање, спречување на ширењето и сузбивањето на коронавирусот.

Во случај на привремен распоред на работа во согласност со став 1 од оваа наредба, здравствените работници и соработници треба сите права и обврски во врска со нивниот работен однос да ги остваруваат во матичната здравствена установа или по потреба ќе бидат мобилизирани во друга здравствена установа. Наредбата на Министерот за здравство стапува на сила денес, а нејзино непочитување повлекува одговорност.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*