„Куќа имам на Пелистер“ е настанот што ќе се одржи на 22.12.2024 (недела) со почеток во 11:00 часот на локацијата Инфоцентар Пелистер, информираше на денешната прес-конференција директорот на Националниот парк Пелистер Битола Иванчо Тошевски.
–Настанот има за цел да ја обедини целата туристичка понуда на Пелистер и поширокиот регион. Со свои содржини ќе се презентираат повеќе од 20-тина локални производители на храна и пијалоци, ресторани, хотели, кафе барови, туристички агенции и лица кои нудат дополнителни туристички содржини како кањонинг во Мариово, џееп сафари на Пелистер, фрее рид скијање, екстриме бике со долн хил купот, ултра трајл маратонот и други. Како НПП сметаме дека овој настан треба да биде стартна точка за првично поврзување помеѓу се она што е и може да биде туристичка понуда на Пелистер, како идна основа за развој на инкаминг туризам-информираше првиот човек на Националниот парк Пелистер, директорот Иванчо Тошевски.
Настанот ќе го организираат на локацијата Инфо центар затоа што според Тошевски во иднина Инфо центарот ќе биди стартна точка за сите активности на Пелистер, и многу набрзо истиот ќе биде достапен за сите планинари, љубители на природата и други посетители.
–Важно е, посетителите да знаат дека учесниците на настанот своите производи и содржини ќе ги нудат по дампинг цени со цел да бидат достапни за сите, и на предлог на учесниците ќе организираме богата наградна игра, а средствата од истата ќе бидат донирани за хуманитарни цели. Апелирам до сите заинтересирани кои сакаат да присуствуваат на настанот од Битола и од околните градови, да користат бесплатен јавен превоз кои го обезбедија локалните превозници со цел за да го избегниме сообраќајниот метеж и за користење на истиот да се пријават на контакт телефонот што е истакнат во објавата на настанот 077-500-989.Голема благодарност до сите учесници и подршката од Општина Битола затоа што овој настан е дел од Зимската приказна– информираше на денешната прес-конференција директорот на Националниот парк Пелистер Битола Иванчо Тошевски.
За забавниот дел на уникатниот настан „Куќа имам на Пелистер“ ќе се погрижат група Деспина, DJ Svaba, а модератор ќе биде Марјан Ѓоргиевски.