Don't Miss
Home / Вести / Наташа Петровска ќе трча по втор мандат!?

Наташа Петровска ќе трча по втор мандат!?

         

          И покрај тоа што до новите локални избори, кои ќе се одржат  идната година останува уште неполна година, сепак во Битола политичките партии веќе ги прават калкулациите со кои кандидати ќе истрчаат на изборите.

          Од извори блиски на Битолски весник дознаваме дека актуелната градоначалничка на Битола, Наташа Петровска искажала подготвеност на претстојните локални избори да трча за втор мандат.

          Многумина сметаат дека Петровска не само што ги искажала своите сериозни намери за освојување на вториот мандат, туку таа веќе ја почнала кампањата за локалните избори и избор за градоначалник.

          Таквите констатации тие ги поткрепуваат со тоа што таа постојано веднаш по изборите секојдневно се промовира и почна со реализација на проекти  со кои ќе се обиде по втор пат да ја стекне довербата на битолчани.

          Задоволна од фактот што на неодамнешните предвремени парламентарни избори СДСМ извојува победа над ВМРО ДПМНЕ Петровска смета дека може на претстојните избори да освои нов мандат,бидејки наводно во моментот немала сериозен противник ни во партијата, ни во останатите опозициони политички партии.

          За таквата нејзина одлука наводно Петровска имала силна поддршка во дел од раководството на партијата, а таа сенадевала дека ќе ја добие довербата и на лидерот Зоран Заев.

          Во ВМРО ДПМНЕ засега нема најави за некои кандидатури.

          Од кругови на ВМРО ДПМНЕ името на кандидатот ќе се знае по завршувањето на внатрепартиски избори и тоа ќе зависело од тоа дали лидерот Христијан Мицкоски ќе успее да ја задржи лидерската функција.

          Но во кулоарите се спомнува дека опозицијата на изборите ќе излезе со познат битолски бизнисмен член на ВМРО ДПМНЕ.

          Како можна против кандидатка на Петровска засега од опозицијата се спомнува независната советничка  од Поинаку, Габриела Илиевска, која многумина ја гледаат како сериозна против кандидатка на Петровска.

          Како и да е. По завршувањтео на предвремените парламентарни избори веќе почнаа калкулациите за имињата на кандидати за градоначалници ан претстојните локлни избори, кои ќе се одржат идната година.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*