Во Битола, денеска по свеченото отворање на Меморијалниот музеј од Првата светска војна, почна научната конференција Стогодишнината од Македонскиот фронт: 1918-2018 година.
На научната конференција, која ќе трае четири дена, од 30 мај до 3 јуни, научни работници од Битола, Македонија, Романија, Италија, Долна Нормандија ќе презентираат свои научни трудови за стравотиите што ги предизвика Првата светска војна и битките кои се водеа на просторот помеѓу Битола и Кајмакчалан.
Конференцијата за отворена ја прогласи амбасадорот на Франција во Република Македонија, Кристијан Тимоние, а свое обраќање пред присутните имаа државниот секретар во Француското министерство за одбрана Женевјев Дарјесек, како и Ан Лор Марто , претседателот на Меѓународната европска комисија при Советот на Регионот Нормандија, со кој Битола има воспоставено долгорочна соработка.
Основната цел на оваа научна конференција покрај за крвавите битки кои се воеда на Макеоднскиот фронт е и запознавање со условите на примарната заштита што им била давана на цивилите за време на борбите од Првата светска војна.
Научен координатор на проектот е Сабастијан Батро – Бонтер