Националната демократска преродба и нејзиниот претседател, Весел Мемеди, ја напуштаат и Владата и Собранието. Причина за тоа е одлуката на премиерот Заев со реконструкцијата на владиниот кабинет да биде зафатено и Министерството за локална самоуправа кое ù е одземено на НДП. На одржаната прес-конференција Мемеди изнесе сомнежи за можен договор меѓу СДСМ и ДУИ да му се одземе министерството по, како што тој ги нарече, кампањите од подземјето и обидите да се намали вредноста на досегашниот министер Сухејл Фазлиу. Тој побара од премиерот Зоран Заев да го повлече предлогот, а од ДУИ побара да не гласаат за предлогот.