Новалијата во Лигата, Гостивар по три кола останува со сто процентен учинок откако „сино-белите“ успеаа да забележат победа над КК Пелистер АД Битола со 91-79.
Натпреварот беше изедначен се до крајот на првото полувреме, а потоа следуваше серија од 13-0 на гостинскиот состав, со што гостиварчани го направија одлучувачкиот чекор. Битолчани заиграа многу подобро до крајот на натпреварот, успеја да се вратат на негатива од еден напад во два наврати, но „зелено-белите“ немаа сили за целосен пресврт.
Јурај Сегариќ повторно беше првото име во гостиварскиот состав, овој пат со 20 поени и 8 асистенции.Него го следеше Ивица Димчевски со 17 поени и 6 скокови, додека по 15 поени додадоа Робев и Тодоровиќ кој впрочем забележа и дабл-дабл учинок дополнет со 10 скокови. Како двоцифрен со 10 поени натпреварот го заврши и Тасовски кој беше иницијатор на одлучувачката серија.
Незапирлив во составот на домашниот тим беше Луис Роб кој натпреварот го заврши со 40 поени и 8 асистенции, Лео Стив додаде 16 поени, додека капитенот Анакиевски дополни 15 поени и 4 скокови.
На овај натпревар изостана главното оружје кое го красеше Пелистер во минатото првенство,т.е. составот на Петковски во одбрана изигра многу слабо.
Љупчо Стефановски