Don't Miss
Home / Вести / Не се работи за поткуп, туку за редовна помош на Општината за здруженијата и спортските клубови

Не се работи за поткуп, туку за редовна помош на Општината за здруженијата и спортските клубови

                 

  По објавувањето на информацијата дека Општината Битола со 2 милиони денари ќе ги помага здруженијата на граѓани и фондации, како и спортските клубови, и реакцијата на опозицијата дека со оваа финансиска помош  практично локалната самоуправа сака предизборно да ги купи гласовите на граѓаните со реакција се јавија од општината Битола.

-Најостро демантираме дека се работи за предизборно поткупување на гласови. Јавниот повик е редовна и веќе воспоставена постапка за здруженијата на граѓани, фондациите и спортските клубови и  овој повик секогаш се објавува во овој период од годината.

Тоа што сега тој се совпаѓа  со предизборните активности за предвремените парламентарни избори е сосема случајно, а не намерно, информираат  од општината Битола.

Инаку да потсетиме  Општината Битола денеска објави јавен повик за доделување на финансиски средства од буџетот на Општината за помош на здруженијата на граѓани  и фондациите,  како и спортските клубови во Битола.

          Според јавниот повик Општината Битола и градоначалничката Наташа Петровска имаат намера од општинскиот буџет да издвојат 1.000.000.00 денари за помош на здруженијата на граѓани и фондациите, а исто толку пари од 1.000.000.00 денари планираат да издвојат и за спортските клубови и здруженија.

           Според јавниот повик секое здружение, или спортски клуб може да добие најмногу до 50.000 денари, стои во јавниот повик на  општината Битола.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*