Владата ја прифати иницијативата денот недела да биде прогласен за неработен ден, соопшти на својот фејсбук-профил премиерот Зоран Заев, кој потеницра дека ова решение е во интерес на граѓаните, неделата треба да биде ден посветен на одмор, ден за поквалитетно време за секој граѓанин на кој тоа му е потребно, ден за семејството, ден за себе. Сојузот на синдикатите на Македонија, исто така, преку соопштение информираше дека е прифатена иницијативата и дека по пат на социјален дијалог со Владата е обезбедено ова право на работниците. -Ова решение е во интерес на граѓаните, неделата треба да биде ден посветен на одмор, ден за поквалитетно време за секој граѓанин на кој тоа му е потребно, ден за семејството, ден за себе, наведуваат во соопштението и додаваат дека во услови на криза предизвикана од коронавирусот се покажува дека повеќе од потребно е недела да биде неработен ден за сите работници.