Don't Miss
Home / Спорт / Нема карантин за “пелистерци”

Нема карантин за “пелистерци”

Фудбалерите на Пелистер нема да патуваат на вечното дерби во Скопје како во претходните натпревари со карантин туку ќе патуваат утре наутро.

Пред оваа средба “пелистерци” тренираа напорно и како што  велат нема да се предадат пред натправарот.

-Не патуваме со бело знаме во Скопје. Имаме добри резултати зад нас и би сакале да се реваншираме на Вардар за поразот во Битола на отворањето на сезоната. Без разлика кој ќе добие шанса од тренерот секој ќе даде се од себе на ова дерби, вели Петар Љамчевски.
Неизвесен се уше е настапот на Филип Миленковски, а на располагање на тренерот Марјан Секуловски е Миле Петковски.
Пелистер за последен пат се радувал на победа против Вардар пред две години со голот од пенал на Илир Елмазовски, кога тренер беше Гордан Здравков.

С.Р.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*