Don't Miss
Home / Вести / Несреќен случај во Рудникот Суводол во РЕК Битола

Несреќен случај во Рудникот Суводол во РЕК Битола

Информацијата дека во Рудникот Суводол се случи тешка несреќа ја потврдија од РЕК Битола.

Со длабоко жалење известуваме дека синоќа, при несреќен случај во Рудникот Суводол во РЕК Битола, при работа со градежна машина, животот го загуби работникот Т.К., 38 години.

Покојниот бил работно ангажиран преку надворешна фирма во РЕК Битола како ракувач на булдожер и изведувал задача на поместување на јаловински маси. Во моментот на насреќата, од сеуште неутврдени причини, работникот го напуштил булдожерот, истовремено дошло до одронување на земја која го затрупала, при што исходот бил со смртни последици.

Стручните служби на РЕК Битола и надлежните органи извршија увид на местото на несреќата, а согласно процедурите за расчистување на околностите под кои се случил трагичниот настан, земени се и изјави од колегите и претпоставените на починатиот.

РЕК Битола упатува длабоко сочувство до семејството на загинатиот.

Јавноста ќе биде известена за наодите на наделжните органи по завршувањето на законски предвидените дејствија,се вели во соопштението на РЕК Битола.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*