Без држење дистанца и повеќето без маски беше публиката на синоќешниот концерт на хрватската поп-ѕвезда Петар Грашо на археолошкиот локалитет Хераклеа во Битола.
На социјалните мрежи се вртат многу фотографии на кои се гледа дека за време на концертот не биле почитувани пропишаните протоколи за јавни настани.
Ова е уште еден пример за апсурдите што се случуваат секојдневно: од една страна полемики, про и контра (онлајн) настава со пропишана дистанца и заштитни маски, а на забави олабавено и без маски и без дистанца.