Посредникот на ОН во разговорите за името Метју Нимиц изјави дека решение за спорот за името е на повидок со што ќе се стави крај на 27 годишниот спор меѓу Грција и Македонија.
– Имам големи надежи дека овој процес се движи во позитивна насока, изјави вечерва во Њујорк Нимиц по разговорите со претставниците на двете земји Васко Наумовски и Адемантиос Василакис.