Don't Miss
Home / Вести / “Нискоградба”многу поразлична

“Нискоградба”многу поразлична

          Состојбата во Јавното претпријатие “Нискоградба” денес, со она што беше пред четири години не може да се споредува.

          Од претпријатие кое се давеше во долгови, со тешкотии во исплатата на тековните обврски, со кредити по најразлицни основи, денес ЈП “Нискоградба” е претпријатие кое има стабилна финансиска состојба, со редовна исплата на сите исплати и во овие четири години со две зголемувања на платата, еднас од 5%, а сега со дополнителни 7,7% проценти.

          На крајот од 2017 година, претпријатието имаше загуба од 7 милиони денари, обврските беа околу 16 милиони денари, а сега се само 4 милиони, што се редовни обврски за една фирма како што е “Нискоградба”.

          ЈП “Нискоградба” успеа да ги намали сите трошоци, по најразлични основи. По набавката на ГПРС системот   намалени се годишните  тросоци за гориво за некаде од 40%, а вкупните  трошоци за повеке од 30 %, загубите се далеку во минатото, а “Нискоградба” е стабилна финансиска фирма. Променето беше и комплетното греење во Стопанскиот двор и дрвата заменети со пелети.

          Во овој момент ЈП “Нискоградба” интензивно работи на поставување на канализацијата на  ул. “Тошо Даскало”, “Илинденска”, с.Буково, “ГЈ..Џоџа”, “Пробиштипска”, “Асном”, “Кленовец”, “Рузвелтова”, партерното уредување околу Офицерскиот дом, наскоро и на  ул. “16-та”  и “Довлеџик”, а ги заврши објектите со пречистителната станица кон Трново, Лавци, “Партизанска”, “Бранко Радичевик”, поранешната касарна и многу други помали улички.

          ЈП “Нискоградба” во целиот овој период, наместо кредити за плакање на тековните обврски, набавува сопствена механизација и го обновува возниот парк. Беше набавено ново теренско возило, набавени се два нови помали  камиони, неколку помали машини  а во тек е и набавката на голем камион за чистење на снег, со поддршка на Министерството за локална самоуправа.

          Како општествено одговорна компанија, ЈП “Нискоградба” ги поддржува скоро сите културно- спортски манифестации, како Малиот битолски Монмартр, ги помага спортските клубови (КК и ФК Пелистер), и излегува во пресрет на многу барања на граѓаните за помош со сопствената механизација

          Во овој момент Нискоградба е економски стабилна фирма, со јасна визија за нејзиниот напредок, поставена на цврсти темели и јасно насочена кон иднината .

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*