Don't Miss
Home / Вести / Нивото на Дебарското Eзеро над просекот за овој период од годината

Нивото на Дебарското Eзеро над просекот за овој период од годината

Во моментов нивото на Дебарското Езеро се наоѓа на кота од 577.32 м.н.в. што е за 1,5 метри над просекот за овој период од годината.

Увид во состојбата на акумулацијата и во работењето на хидроелектраната Шпилје изврши директорот за производство на АД ЕСМ, Благојче Трповски.

– Самата исполнетост на езерскиот басен е сама по себе видлива и се надеваме дека 2021ва ќе биде хидролошки добра година, дека ќе има врнежи, за разлика од 2020та која ќе остане запаметена како хидролошки најлоша во последните 15 години, што влијаеше неповолно врз исполнетоста на езерата и акумулациите, а со тоа во значаен дел и врз домашното производство на електрична енергија.

Во изминатиот месец во текот на планираниот годишен ремонт во Шпилје, успешно беше реализиран значаен зафат-промена на преттурбинските пеперуткасти затворачи на агрегатите, зафат кој ќе го спречи губењето на водата низ турбинските кола кога тие не работат, како и други негативни последици кои предизвикуваа различни оштетувања на механизмите, а со тоа значително се зголеми доверливоста на електраната.”-изјави директорот Трповски при посетата.

Последен пат затворачите се сменети пред повеќе од 25 години, што е показател за неопходноста на оваа инвестиција.

Ремонтот беше предвидено да трае до 10 јули, но изведувачките работи завршија неколку дена пред наведениот датум, така што од вторникот електраната веќе е вратена во системот на производство.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*