Don't Miss
Home / Uncategorized / Нов напад на Лондон, седумина загинати

Нов напад на Лондон, седумина загинати

Лондон, британскиот главен град повторно е жртва на терористички напад на неколку дена пред изборите. Ова е трет напад во Велика Британија во изминатите месеци.

Седуммина загинати и десетици повредени е епилогот од синоќешниот напад во Лондон, кога напаѓачите прво прегазија пешаци со комбе на Лондонскиот мост, а потоа избодеа луѓе со нож во блиските ресторани. Инцидентот се смета за терористички напад.

Тројцата напаѓачи исто така биле застрелани од полицијата која интервенирала осум минути по почетокот на инцидентот што се случи синоќа, еден час пред полноќ. Полицијата верува дека имало само тројца напаѓачи, но истрагата продолжува. Властите соопштија дека напаѓачите носеле лажни експлозивни елеци.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*