По изминати 4 децении од изградбата, ОУ „Елпида Караманди“, доби нова дограма, која во голема мерка ќе ја зголеми енергетската ефикасност и заштедата на електрична енергија.
Градоначалничката на Општина Битола Наташа Петровска го посети училиштето, каде што од страна на директорката Татјана Дамчевска и училишното раководство, беше информирана за текот на работните активности.
Веќе во околу 50 отсто од училишните простории е поставена новата дограма, чија реализација беше спроведена од страна на Општина Битола, општинските јавни претпријатија и преку Проектот на УСАИД за меѓуетничка интеграција на младите во образованието, во вредност од околу 2,5 милиони денари.
До крајот на оваа учебна година, во сите училници и работни простории ќе биде комплетно променета преостанатата дограма преку проект од МОН.
На овој начин и ОУ „Елпида Караманди“ се вбројува во училиштата со реалирани проекти во насока на зголемување на енергетската ефикасност, а се очекува веќе во следната сезона, да се добијат и првите видливи заштеди на енергија, велат од ОУ Елпида Караманди “