Пред голем број вљубеници на зимските спортови, планината, скијањето, познати алпски скијачи, планинари, спортисти, во ресторанот Капри, во Битола свечено беше промоврана книгата за најпознатиот н најуспешен алпски скијач во историјата на битолското алпско скиање Љубчо Спировски, легендата на македонското алпско скијање.
Книгата свечено ја промовира авторката Лилјана Спировска, инаку сопруга на Љупчо Спировски.
Љупчо Спировски цели 25 години владееше на белите снежни патеки и остави неизбришливи траги во историјата не само на битолското и македонското алпско скијање, туку и во екс Југославија.
Тој е единстевниот битолски алпски скијач кој учествувал на три зимски олимпијади.
Во својата 25 годишна скијачка кариера Љупчо Спировски има освоени огромен број титули, пехари на многу првенства, признанија.
Љупчо Спировски својата скијачка кариера ја почна кога имаше само 5 години, кога з апрв пат застана на скии.
Тој почн да се натпреварува кога напони 10 години, во 1960 година.
За кариерата на Љупчо Спировски на промоцијата говореа и познатите битолски новинари и хроничари Петар Ставрев, Димче Миновски и Менде Младеновски.