Don't Miss
Home / Вести / Нова водоводна мрежа зна ул. Крушевска Република

Нова водоводна мрежа зна ул. Крушевска Република

                            

Како заокружување на проектот за комплетна изградба на улицата Крушевска република, во тек е поставувањето на нова водоводна мрежа на оваа улица, во вредност од околу 2.000.000 денари, средства од општинскиот буџет.

 Во фаза на евалуација, во моментот е постапката за избор на изведувач за изградба на коловоз, за што општината издвои 19.000 000 денари.

Пробивањето и изградбата на  оваа улица, ја следи и изградбата на отворениот канал во вредност од 35.000.000 денари, кој е во завршна фаза, а со што се решава собирањето на атмосферските води од Лавчанскиот пат, па се до Тумбе кафе.

На овој начин се решава проблемот на запуштеност на овој дел на градот и се овозможува сообраќајно поврзување на улицата „Македонска фаланга“ со новоизградените улици во АРМ, преку изградба на комплетна современа инфраструктура, велат од локалната самоуправа на Битола.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*