Don't Miss
Home / Вести / Новаци ќе добие спортска теретана на отворено

Новаци ќе добие спортска теретана на отворено

  

Наскоро Новаци ќе добие спортска теретана на отворено која содржи четири справи за вежбање и тоа: кондиционен статичен велосипед, справа за склекови и стомачни, horizontal bar and pull up и справа за кардио која се гради во склоп на дворот на спортската сала во Новаци.

Проектот го реализира Општина Новаци во соработка со Здружението за унапредување на демократските процеси Про Локал од Битрола. Финансиски е поддржан од Амбасадата на Кралството Холандија преку Програмата МАТРА.

-Поставуваме 4 справи во склоп на дворот на спортската сала во Новацина  каде младите па и повозрасните жителите на општината ќе можат да рекреираат и вежбаат на најсовремени фитнес апарати и најсовремена фитнес опрема.Вкупниот износ на спортската теретана на отворено 268.386,00 денари од кои 2000 евра од Здружението Пролокал и донаторот Холандска амбасада а остатокот во висина од 148.386,00 денари се обезбедени од Општина Новаци со одлука од совет.“ рече градоначалникот Стевановски.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*