Општина Новаци го доби признанието ELOGE кое претставува ознака за извонредност во управувањето и исполнување на 12 начела на добро демократско управување на Советот на Европа.
-Голема е честа да го добијам ова признание како градоначалник на единствената рурална општина во Македонија која го исполни овај европски стандард. На овај кристален додекаедрон се изгравирани 12 те начела на добро демократско владеење и управување кои Општина Новаци ги исполна со своето работење и тоа ќе се подобрува и надоградува во иднина” рече градоначалникот на Општина Новаци, Стевче Стевановски.
На денешната церемонија на доделување на наградата свое обраќање имаше министерот за локална самоуправа на Македонија и Косово, Ристо Пенов и Елберт Красниќи, Ориано Оточан претседател на АЛДА, Антонела Валморбида генерален секретар на АЛДА и Најл Ширин од Центарот за експертиза за реформа на локалната самоуправа од Советот на Европа.