Don't Miss
Home / Вести / Новаци во потрага по инвеститори во Турција

Новаци во потрага по инвеститори во Турција

         

Општина Новаци и турската Општина Беледиуеси можеби имаат многу разлики, но сепак она што ги поврзува е обработливата почва, земјоделието и можностите за производство на храна, ароматични растенија, украсни растенија за хортикултурно уредување и др.    

Ова е заедничкиот заклучок  по посетата на градоначалникот на Новаци, Стевче Стевановски и делегацијата од Општината, на Турција.
      – За време на  посетата на Беледиуеси, Сакариа Бујуксекир, се уверивме дека  општината за да обезбеди нови вработувања, со општински средства започнала земјоделско производство до пласирање на финален производ. Ова беше многу поучно и како идеја доста корисна за нас за да можеме да ја искористиме и прилагодиме во наши услови”, рече Стевче Стевановски, градоначалник на Општина Новаци.
      Општината  Беледиуеси воспоставила соработка со Универзитетот за постојано усовршување на стручниот кадар и работната сила согласно потребите на пазарот.    

-Општина Новаци е можеби мала, но како што гледам има големо срце. Ние сме голема општина со одлична инфраструктура, поврзаност, важен земјоделски центар. На наша територија стопанисуваат едни од најголемите фирми во автомобилската индустрија Тојота и Хјундаи. Но вложуваме многу во развој на земјоделството затоа направивме 2 компании со кои реализиравме 22 проекти и произведуваме земјоделски производи без почва, со хидропонија, оранжериско производство”  рече Бедрулах Екцин, генерален секретар на Центарот за управување со кризи.

        Турците пројавиле  интерес за  Индустриската  зона во Новаци, но и заради близината со грчката граница за можно оформување на парцели за продажба во Гермијан.

        На економскиот форум во Турција биле присутни триесеттина стопанственици од различни индустриски гранки.

Форумот го организираа домакините од Стопанската комора Сакариа Сатсо во Адапазари за делегацијата од Општина Новаци.

        -На сите ним им беше презентирана Индустриската зона Новаци која на заинтересираните инвеститори може да им понуди 20 хектари земјиште распределено на 15 тина парцели, изјави по враќањето од Турција, Стевче Стевановски, градоначалник на Општина Новаци.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*