Don't Miss
Home / Uncategorized / Новаци доби повеќенаменско игралиште

Новаци доби повеќенаменско игралиште

Денеска, во Новаци, премиерот на Владата на Република Македонија, Никола Груевски, заменикот- министер за образование и наука, Спиро Ристовски, директорот на Агенцијата за млади и спорт Марјан Спасески и градоначалникот на Новаци, Лазар Котевски свечено во употреба беше пуштено повеќенаменското игралиште.

DSC_0009  DSC_0041

На ова игралиште кое се наоѓа во дворот на ОУ “Славко Лумбарковски“ младите жители на Новаци ќе можат да спортуваат во разни спортски дисциплини. Игралиштето располага со спортски терени за ракомет, кошарка, баскет, и сервис. А е осветлено со четири рефлектори, па така младите ќе можат да спортуваат и рекреираат и во вечерните часови. Во непосредна близина на повеќенаменското игралиште, во завршна фаза е изградбата на спортската сала која ќе биде готова во август, а наскоро, во непосредна близина на спортскиот центар, ќе почне изградбата и на Олимписки базен.

DSC_0053

На свеченоста, по повод пуштањето на повеќенаменското игралиште, присуствуваа голем број жители на Новаци и околните села.

DSC_0087  DSC_0085

Инаку, премиерот Груевски во своето обраќање, нагласи дека Владата е постојан партнер на Новаци и ги помага сите издржани и потребни проекти. Игралиштето е изградено во рамките на проектот на Владата и Агенцијата за млади и спорт, за изградба на спортски сали, повеќенамески игралишта и тениски терени.

DSC_0113  DSC_0118

Во рамките на посетата на Новаци и Битола, премиерот Груевски го посети и основното училиште “Коле Канински“ во Битола, каде што се запозна со реализацијата на проектите за модернизација на условите за учење во ова битолско училиште.

По Битола, премиерот Груевски замина за Ресен, каде што ќе го означи почетокот на работите за реконструкција на патот Битола- Ресен до Буково.

 

 

Б.В.

Фото: С.Ристевски

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*