Don't Miss
Home / Вести / Нови избори за стари кадри

Нови избори за стари кадри

                       

 Вчерашниот ден, 2 април  беше последниот до кога политичките партии и коалиции требаше да ги достават кандидатските листи за пратеници  до ДИК за новиот парламентарен состав.

Уцесниците на парламентарните избори викендов на промоциите  ги промовираа кандидатите за пратеници.

Веќе се познати имињата на сите 120 кандидати за пратеници во новиот состав на Собранието..

Со ретки исклучоци на новите парламентарни избори граѓаните ќе имаат можност да гласаат за  стари и  веќе познати имиња, од кои некои со децении се присутни на политичката сцена.

Лидерите на политичките партии, кои при изборот на кандидатите главно се повикиваат на резултатите од “анкетите “ главно се определија за стари и пред се лојални партиски кадри, кои во претходниот период се покажале и докажале најмногу со приврзаноста и лојалноста кон лидерот на партијата.

Во таква ситуација на  новите претседателски и парламнтарни избори  граѓаните ќе треба да се изјаснуваат за стари и (не)докажани кадри, кои и на претходните избори биле учеснции во изборните трки за претседател(ка)на државата и за пратеничките места.

Па така и овој пат граѓаните на Македонија, доколку не се случи некое големо изненадување  во трката за претседател(ка)на државата ќе треба да се изјаснуваат меѓу   актуелниот  претседатл на државата Стево Пендаровски и кандидатката на ВМРО ДПМНЕ, Гордана Силјановска – Давкова, која на минатите претседателски избори загуби токму од Пендаровски.

Како и за претседателските избори така и за парламентарните нема да има речиси никакви изненадувања.

Лидерите на партиите освем во некои изборни единици  главно се определија за стари и познати партиски  кадри,.

Со одредени исклучоци нови имиња на добитните места буквално нема.

Речиси сите добитни места на кандидатските листи се доделени на  добро познатите кадри на македонската политичка сцена. Останатите недобитни места  ги добија  надежните кадри, кои однапред се  отпишани од трката за пратеници.

Поучени од претходните искуства, кога некои пратеници знаеја да ја менат бојата на дресот на партијата и од една партија да преминат во друга, или  од една коалиција во трета, лидерите на најголемите партии  се определија добитните места да им ги доделат на свои луѓе и лојални партиски кадри, кои во изминатите години  беспоговорно ги слушаа(т) наредбите на лидерите.

Ако порано пред изборите политичките лидери верноста на кандидатите за пратеници ја купуваа со потпишување на меници, сега нивната лојалност и верност ја обезбедуваат со тоа што им ветуваат добитни места на  кандидатските листи на новите избори.

А кога станува збор за номинацијата на добитните пратенички места за пратениците не е ни толку битно дали ќе ја изгубат или добијат власта, бидејќи тие барем 4 години ќе имаат сигурни и високи плати, значајни приливи од дневници за патување до Собранието и низа други привилегии.

Токму ваквиот изборен систем им гарантира на лидерите послушност и лојалност и децениско останување на чело на партиите.

Затоа иако со години некои партии се залагаат за промена на изборниот модел и донесување на комбиниран модел на гласање,  во кој би имало место и за кандидатите за пратеници со мнозинство гласови, или избори по изборниот модел на  една изборна единица.

Но несакајки од готово да прават вересија лидерите на политичките пратии водејќи сметка за себе и своите лојални поддржувачи  засега не сакаат ни да слушнат за измени на изборниот модел.

Во таква ситуација граѓаните наместо да избираат меѓу квалитетни, способни, стручни и пред се слободоумни кадри ,се ставени пред свршен чин да (из)бираат стари и познати кадри, кои во подалечното и поблиското минато  единствено што се покажале  било во нивната лојалност  и приврзаност кон лидерот.

Оние партиски кадри кои не биле слепи послушници не се најдоа на кандидатските листи.

Но иако гневни за тоа, добар дел од нив воопшто не пуштија глас за тоа, бидејки тие и натаму се надеваат дека ќе добијат некоја од бројните  државни функции кои им се на располагање на победниците на изборите.

Водени од таквата логика за претстојните избори не добија пратенички места  некои  политички партии или лидери  кои ја сменија коалициијат, бидејки тие треба допрва да ја докажат и покажат својата лојалност.

Ним им останува да се надеваат дека доколку на изборите победат ќе добијат некое директорско, или шефовско место.

Поради ваквиот изборен модел, кој според најголемиот број слободумни граѓани е одамна надминат и е нефункционален кај нас политиката одамна е чиста математика.

Партиите и лидерите единствено што се занимаваат се бројките.Која партија колку гласови може да донесе.

Поради тоа  на добитните места на листите се најдоа кандидати  за пратеници од други политички партии кои на претходните локални избори биле најголеми критичари на сегашните водечки партии кон кои како коалициони партии се приклучија.

Пред  овие избори единствено нешто нови што се случи се неочекуваните коалиции  на некои партии со ВМРО ДПМНЕ и кај албанските партии, каде командатот од Шипковица, Али Ахмети откако му избегаа некои негови донеодамна  лојални кадри успеа да ги собере и најлутите негови политички противници како, Тачи и Села во новата “европска” коалиција.

Иако најголемиот број од партиите кои сега се колнат во настојувањето Македонија да ја внесат во Европа,  а во минатиот состав  направија се Македонија да не ги почне преговорите за влез во ЕУ, сега сите политички партии и старо- нови  коалиции се определија за Европа.

На промоцијата на кандидатите за пратеници  и политичките програми сите партии се заколнаа дека ќе се борат за европската иднина на Македонија.

Во пресрет на изборите, се искристализираа пет коалиции и две партии кои ке одат самостојно. Тоа се „Коалицијата за европска иднина” предводена од СДСМ, коалицијата „Твоја Македонија” предводена од ВМРО-ДПМНЕ, коалицијата „Храбро за Македонија” предводена од ГРОМ, коалицијата „Европскиот фронт” предводена од ДУИ и коалицијата „ВРЕДИ” на албанската опозиција.

 Самостојно на изборите, според досегасните најави, одат ЗНАМ – За наса Македонија и партијата „Левица”.

Кон Коалицијата „Европски фронт”  се приклучи и крилото од Алијанса за Албанците на Зијадин Села.

Каков ваквиот одамна познат изор на канидати за пратеници и коалциии ќе се одрази на работата на Собранието ќе се знае многу брзо. Можеби  побрзо од тоа што го смислиле и политичките лидери.

Кај нас таквите изборни комбинаторики засега не се покажале како (многу ) добри. Напротив многу погрешни,  за да подоцна излезот од безизлезот во кој не внесле политичките еквилибристи да ни го бараат европските комесари.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*