Новинари и уредници од најреномираните списанија, портали и емисии од Србија, Црна Гора, Босна и Херцеговина и Хрватска, кои обработуваат теми со туристичка содржина, денес во Битола снимаат репортажи за големото културно – историско богатство на градот, кое претставува вистинска туристичка атракција на градот.
На средбата со Градоначалничката на Општина Битола, м-р Наташа Петровска, новинарите разговараа за туристичките содржини на градот, можностите за развојот на туризмот, активниот културен живот во текот на целата година, како и културните манифестации и фестивали кои го привлекуваат вниманието на потенцијалните туристи.
Присутните новинари, воодушевени од градот, најавија инспиративни и атрактивни приказни за Битола, со кои наскоро ќе ја промовираат Битола во регионот, но и пошироко.
Организатор на информативното патување во нашата земја е Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот на Република Македонија.