Don't Miss
Home / Вести / Ново издание на фестивалот “Отворен град”

Ново издание на фестивалот “Отворен град”

    

                

          Утре во Битола по 19 пат ке стартува фестивалот “Битола Отворен Град”.

За разлика од минатите години, кога на овој фестивал гостуваа  голем број групи од екс Југославија, според организаторите годинашниот фестивал ќе биде целосно со  македонска програма.

Тој ќе биде отворен, утре,  3 сепетмври,  со  отворање на  изложба   “Коолест Деад Пеопле”  од Кристина Карапеоска и промоција на  монографијата „Македонска дискографија – винили (1958-2019)”, прв том на Тошо Филиповски и Македонска музика од винили со ДЏ Џико.

Во музичкиот дел на фестивалот  петок, на 4 септември  на “Хераклеја”  ке настапат Плуто’с Доубтс,групата Фолтин, Суперхикс,  сабота 5 септември 2020 во Музеј Пацио  концерт  на: Вел, Моогер Фоогер,  Горан Трајкоски

          -За сите Вас, Битола отворен град ќе трае само неколку денови, а за нас во МКЦ Битола, Битола отворен град трае цела година.
Радост е да се мотивираат луѓето кои сакаат музика, уметности воопшто култура да се активираат во фестивал, кој според нас е општествен процес,процес во кој на симболичен начин спојуваме различни генерации кои поминале и креативни, но и бавни години во општествени промени на ова тло, а годинава и месеци во изолација, но никогаш не ги напуштила желбата за култура и уметност, вели пред почетокот на фестивалот , Златко Талевски, извршен директор на МКЦ Битола.

Инкау според организаторот на фестивалот, кој покрај другите спонзори и помагатели е поддржан од Министесртвото за култура и Општина Битола, на сите настани задолжително ќе  биде почитување на протоколите за заштита од ковид-19,  а  за добивање на бесплатен билет задолжителна е онлајн регистрација.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*